Семинар / 12.12.2019

ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА

Стопанска комора на Македонија, Македонија


   

Еднодневна специјалистичка обука на тема:

ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА

12.12.2019 година (четврток)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„Тоа што не одржува во работата, се токму нашите задоволни клиенти.“
(Барбара Хејнигар)


Стопанската комора на Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 12 декември 2019 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА

Зашто ја препорачуваме оваа обука?

Бидејќи ниедна компанија нема монопол над потрошувачите/клиентите и поради тоа што ниедна компанија не е единствена на пазарот (конкуренцијата е се поголема). Продажбата сеуште може да се унапреди во сите околности и услови и компанијата која ќе успее да се извлече од криза, успешноста ја прави уште поуспешна и од својот производ прави бренд.
Многу често најдобар лек за криза во работењето е да се унапреди продажбата. Треба да сме сигурни дека одлични производи, услуги или идеи,  нема да го најдат патот до потрошувачот ако нема кој да ги да ги понуди и продаде односно ако немаме вешти продавачи, кои се воедно главната карика во секој продажен процес.

За кого е наменета обуката?

Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори, раководители и останатите вработени во секторите за логистика, продажба, маркетинг и дистрибуција како и останати вработени кои се дирекно или индирекно вклучени во ланецот на производство и продажба и кои нудат секаква подршка со идеи, услуги и проекти, како и сите оние кои сакаат да ги зголемат своите продажни вештини и да совладаат нови техники низ конкретни примери од пракса.


ПРОГРАМА:

МОДУЛ 1. САМО ВИСТИНСКИТЕ МОТИВИ ДАВААТ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРОДАЖБАТА
1.1. Запознавање со агендата и целите на обуката;
1.2 .Старите продажни модели даваат се помал резултат;
1.3. Зашто продажбата за многумина е тајна;
1.4. 4 типа на продавачи во продажниот процес;
1.5. 4 типа на клучни фази во продажниот процес при дирекна комуникација и како успешно да се водат продажните разговори.

МОДУЛ 2. КАКО ЕФИКАСНО ДА СЕ ВОСПОСТАВИ МОСТ НА ДОВЕРБА И УСПЕШНО ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕШЕНИЈА?
2.1. Како да се воспостави ефикасен прв контакт?
2.2. Преку активно слушање до подобро препознавање на потребите на клиентот;
2.3. Како нашите производи да станат одлично решение за потребите на купувачот?
2.4. Употреба на К-П-К-О техника (карактеристика-предност-корист-чувство/емпатија).

МОДУЛ 3. КАКО ЕФИКАСНО ДА СЕ УПРАВУВА СО ПРИГОВОРИ И ПРЕГОВОРИ?
3.1. Ефикасни техники за решавање на приговорите;
3.2. Како успешно да ги отстраниме забелшите поврзани со цената на производот?
3.3. Практични продажни техники;
3.4. Ефикасно изнесување на аргументи без притоа да се изиритира купувачот.

МОДУЛ 4. КАКО УСПЕШНО ДА ЈА ЗАКЛУЧИМЕ ПРОДАЖБАТА?
4.1. Вовед и заклучување;
4.2. Вештина на заклучување на продажбата во согласност со купувачот;
4.3. 11 техники за пробно заклучување на продажбата:
4.4. Креирање на квалитетни односи со купувачите;

Предавач:

Драгиша Ристовски (D.R Gilbert), со повеќе од 25-годиншно практично работно искуство на различни позиции од комерцијалист на терен до директор. Како тренер за работни вештини почнува да работи од пред 15 години, а денес е експерт за дирекна продажба, преговарање, мотивација на вработенините и лидерство. Автор е на 15 книги, бестселерите „Губат само оние кои не играат“ и „Арена за продажба“, објавени под псевдонимот D.R Gilbert. Подоцна следуваат книгите: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во Вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успехот“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги унапредитие своите преговарачки вештини“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба“, „101 техника за влијание“, „21 Зошто и само едно Како“, „Арена на продажба на 21. век“, „Добар говор вреди повеќе од 1000 зборови“, „Лидерски исчекор во иднината“ и „Еден повик менува се`“. Во работните кругови е познат како енергичен предавач, кој на своите семинари и тренинзи со својата позитивна енергија константно го задржува вниманието и ги мотивира слушателите.

Основач е и директор на D.R Gilbert Centar Group DOO D.R Gilbert Consulting и HR Professional Solution. Константно работи за унапредување на продажбата во повеќе реноморани компании ширум регионот. Во текот на својата кариера одржал повеќе од 3.000 семионари, тренинзи и предавања во сите поранешни југословенски републики, на коишто учествувале повеќе од 60.000 слушатели, и тоа од повеќе од 1.500 компании: Банка интеса, „Хемофарм“, „Coca Cola“, Hellenic, Ерсте Банка, „Бош“, „Триглав“, „Перутнина“ – Птуј, „Фиат“, „ДМ“ и  Lilly дрогерија, „Галеника“, „Неопланта“, „Меркур“ и уште многу други банки, осигурителни и прозиводствени компании, дистрибутивни центри и др.

Од 2011 година соработува и со Мокрогорската школа за менаџмент, држи обуки за продажни вештини. Активно е гостин на многу светски познати предавања и конференции.


За сите учесници на специјалистичката обука ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на обуката.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Последен рок за пријавување: 2.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА