ДИСЦИПЛИНА ВО РАБОТЕЊЕТО СО НАМАЛЕНИ КАПАЦИТЕТИ
👁 Прочитано: 13202



ДИСЦИПЛИНА ВО РАБОТЕЊЕТО СО НАМАЛЕНИ КАПАЦИТЕТИ

Андреа Серафимовски претседател на Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите (Гранит АД Скопје)

- Постои голема дисциплина во работењето на компаниите, се придржуваат до препораките од владините институции, а големите компании имаат формирано и кризни штабови. Капацитетот е преполовен. Работната сила е редуцирана што уште повеќе ја отежнува работата. Нашите оперативни единици се обидуваат да ја задржат работната атмосфера на терен. Како поспецифична гранка и ние се соочуваме со недостиг на репроматеријали (арматура, експлозиви), но и неизвесност за тоа што ќе се случува во наредниот период.