ЕНЕРГО СИСТЕМ - лидер на пазарот за HVAC системи во државата

   

👁 Прочитано: 327


ЕНЕРГО СИСТЕМ  - лидер на пазарот за HVAC системи во државата

ЕНЕРГО СИСТЕМ е фирма која проектира и изведува објекти од областа на термотехнички инсталации греење-ладење и вентилација , гасоводни инсталации, проекти за заштеда на енергијата и обновливи извори на енергија, ни изјави Александар Цветков технички раководител на фирмата. Фирмата има изложбен салон и функционална котлара, каде што можат да се видат како функционираат во пракса повеќе системи за греење и ладење.

Компанијата е основана во 1993 година и е душтво со 100% приватна сопственост на капитал. Нејзини основачи се Зоран Кондратенко и Михајло Костовски кој водени од сопсвената визија за претприемниство, самодокажување ,постојан развој, пазарно стопанисување и почитување на конкуренцијата и потребите на пазарот за инженерски работи во Македонија. Развојот на Енерго Систем од своето основање па се до денес е континуиран и истиот се реализира со јасно дефинирани стратешки цели кои се насочен кон проширување на дејности од областа на инженерсвото. Од 1994 година Енерго Систем работи на гасоводни системи во индустријата. Во својата дејност вклучува инженеринг и изведување на термотехнички и гасни инсталации.

ЕНЕРГО СИСТЕМ  - лидер на пазарот за HVAC системи во дрзавава

Во 1996 година Енерго Систем својата дејност ја прошурува во областа на сервисни услуги и активности, а во 2002 година започнува трговија со опрема и материјали за греење и ладење.

Фирмата е главен увозник за македонија на следниве брендови:

• Centrometal
• Grundfos
• Mitsubishi electric
• Comap и други

Енерго систем вработува околуи 50 работници, а успешноста на фирмата се огледува по тоа што таа беше една од 100 најуспешни фирми во државата за 2018 година. Фирмата е членка на Стопанската комора на Македонија , во Здружението на метална и електроиндустрија.

Перо Авакумовски

ЕНЕРГО СИСТЕМ  - лидер на пазарот за HVAC системи во дрзавава