ПЛАНСКО РАБОТЕЊЕ И УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ БИЗНИС СЕКТОРОТ

   

👁 Прочитано: 311


ПЛАНСКО РАБОТЕЊЕ И УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ БИЗНИС СЕКТОРОТ

АДОРА Инженеринг речиси две децении претставува синоним за успешно работење во високоградбата, докажан квалитет и компанија која континуирано посветува внимание на имплеметнацијата на иновации, интернационални стандарди и современи трендови за квалитетно домување.

ПЛАНСКО РАБОТЕЊЕ И УРБАНО ЖИВЕЕЊЕ БЕЗ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ БИЗНИС СЕКТОРОТ

Актуелните состојби, секојдневните предизвици во работењето и планираните проекти беа во фокусот на дискусијата на работната посета на компанијата која ја остварија Билјана Пеева Ѓуриќ, в.д.извршен директор на Стопанската комора на Македонија и Нена Николовска од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората со проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и генерален директор и д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на компанијата.

Тргнувајќи од мотото „Само делата се вистина““ компанијата покрај деловната диверзификација и во други економски сфери, планира да продолжи да се етаблира и развива во градежниот сектор, за што на средбата се дискутираше дека е неопходна бизнис клима која ќе обезбеди доследна и воедначена примена на прописите од областа на градежништвото од страна на административните органи, како и респонзивна и ефикасна јавна админитрација која ќе може да се справи со динамичните текови и односи во стопанството. Во таа насока беше покренато и прашањето за застојот на спроведувањето на урбанистичките планови, односно мораториумот на градби во одредени општини, при што беше испратена порака дека се поддржуваат активностите кои се преземаат во насока на планско работење и урбано живеење, меѓутоа ревизијата на плановите треба да се одвива позабрзано и не смее да го доведе во прашање опстанокот на  градежните компании, при што треба истовремено да се води сметка за јавниот интерес, интересите на граѓаните но и бизнисот како главен креатор на Бруто – домашниот производ на државата.

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА – ДОЛГОГОДИШНА ПОСВЕТЕНОСТ НА ИНОВАЦИИ И РАЗВОЈГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА – ДОЛГОГОДИШНА ПОСВЕТЕНОСТ НА ИНОВАЦИИ И РАЗВОЈАдора Инженеринг е реномирана членка на Комората, добитник на бројни интернационални и национални признанија, а препознатлива е по современиот и оригинален архитектонски израз на објектите кои ги гради компанијата додека објектот АДОРА DIAMOND GARDEN е прогласен и за најголема внатрешна градина за домување во Европа и претставник на трендот за зелено домување, а репрезентативниот објект АДОРА FLATIRON-СКОПЈЕ за уникатен, грандиозен станбено деловен комплекс.
 
м-р Нена Николовска