ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УРЕДБАТА ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ, СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 236 ОД 14 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 101 став (5) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

-    Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој

Во Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19), се допрецизира дека техничката поддршка за организирање и спроведување на манифестации и саеми се доделува за трошоци за закуп на простор за изложување на земјоделски производи (примарни и преработени), трошоци за изнајмување на штандови и/или бина, уредување и опремување на изложбениот дел (аудио и видео опрема) и/или трошоци за промотивен материјал (покани, постери, летоци, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама, како и закуп на медиумски простор за промоција) за манифестацијата/саемот и трошоци за изложбен производ - примарни и преработени наменети за манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи во Република Северна Македонија, наменети за:

-    локални манифестации/саеми. Максималниот износ на поддршката за овој вид на манифестации не може да надмине 120.000 денари по манифестација/саем по корисник.

-    манифестации/саеми утврдени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Максималниот износ на поддршката не може да надмине 620.000 денари по манифестација/саем по корисник.

    
Воедно, се урврдува дека максималниот износ на техничката поддршка за саемски манифестации и саеми за промоција на земјоделски производи вон Република Северна Македонија утврдени со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој не може да надмине 5.000.000 денари по саемска манифестација/саем согласно средствата обезбедени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.    Максималниот износ на техничката поддршка за еднодневните манифестации за промоција на земјоделски производи вон Република Северна Македонија утврдени со програмата за финансиска поддршка на руралниот развој не може да надмине 1.500.000 денари по еднодневна манифестација согласно средствата обезбедени во програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје