ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНOT ЗА ВИНОТО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 235 ОД 13 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Измените и дополнувањата на Законот за виното се во насока на дефинирање на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица производители на вино, олеснување на условите за производство на вино во исклучително неповолни години и допрецизирање на условите за физичко-хемиска анализа на виното..

Се пропишува дека во години со исклучително лоши климатски услови, Министерството ќе одобри дополнување на природната јачина на алкохол по волумен на свежо грозје, шира, шира во ферментација, младо вино во ферментација и вино добиено од сорти на грозје за производство на вино од членот 28 од овој закон („препорачани” и „одобрени” сорти). Дополнувањето на природната јачина на алкохол по волумен не може да биде повисока од 2% волуменски.

Се прецизира дека референтните методи за физичко-хемиска анализа на вината се објавените и препорачани методи на Меѓународната организација за лозарство и винарство (ОИВ).

Со членот 9 и 10 од овој Закон се менуваат условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои се овластени за вршење на физичко-хемиска анализа на виното. Во истите членови се  доуредува и уверението од физичко-хемиската анализа на виното и истото се заменува со извештај, во согласност со видот на документи кои се издаваат од страна на овластените лаборатории.

Уверенијата за физичко-хемиска анализа на виното издадени до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до истекот на 180 дена од денот на нивното издавање.

Овластените лаборатории за вршење на физичко-хемиска анализа на вино согласно овој закон се должни своето работење да го усогласат со одредбите на овој закон во рок од 24 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. На овластените лаборатории за вршење на физичко-хемиска анализа на вино согласно овој закон кои нема да го усогласат своето работење, со решение на министерот ќе им се одземе овластувањето.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје