ДОНЕСЕНИ ПОДЗАКОНСКИ АКТИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА НАСЕЛЕНИЕ, ОБЈАВЕНИ ВО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 233 ОД 11 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Врз основа на член 9 став (2), член 18 став (3) и член 19, член 22 став (3) и член 27, член 23 став (5) и член 24 став (3), член 29 став (2)  од Законот за Централен регистар на население („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за информатичко општество и администрација, ги донесе следните правилници:

- Правилник за стандардите за квалитет на податоци во поединечните бази на податоци на надлежните органи и изворниците на податоци

- Правилник за начинот и техничките процедури на вршење уписи, чување и бришење на изворните податоци во Регистарот и начинот и техничките процедури за интеграција на податоците во Регистарот

- Правилник за содржината и начинот на поднесување барање за иницирање постапка за вршење уписи на изворните податоци или промена на податоци во Регистарот и содржината и начинот на издавање потврда за прием на барање за вршење упис или промена на изворни податоци и содржината и начинот за нотификација поради несовпаѓање на податоци

- Правилник за начинот, техничките процедури и мерките за одржување на системите на кои се обработуваат поединечните бази на податоци и начинот, техничките процедури и мерките кои треба да се преземат за обезбедување на единствените технолошки стандарди и процеси

- Правилник за содржината, формата и начинот на водење на Регистарот на надлежните органи и други субјекти што користат податоци од централниот регистар на население


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје