Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за образование на возрасните



Согласно Известувањето на Министерството за образование, се отпочнува со процес на подготовка на нов Закон за образование на возрасните, пред сѐ поради потребата од валидацијата на неформалното и информалното учење, но и унапредување на процесот на верификација на посебните програми за образование на возрасните, како и на улогата, целите и задачите на Центарот за образование на возрасните. Покрај тоа, со донесување на Националната рамка на квалификации, се јави потреба за усогласување на Законот за образование на возрасните со Законот за НРК.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје