ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА



Согласно Известувањето на Министерството за образование и наука со овој Закон се дава законски основ за основање и работење на регионални центри за стручно образование и обука. Регионалните центри за стручно образование и обука имаат за цел да обезбедат поддршка на реформата на средното стручно образование согласно образовните политики со националните економски политики, како политиката за рамномерен регионален развој, индустриската политика, процесот на подготовка на националната и регионалните стратегии за паметна специјализација и други релевантни национални активности како дел од заложбите на Владата.

Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје