Во месец јуни туризмот со пад од 95.6%
➢ Актуелно (12.08.2020)
👁 Прочитано: 1241



Во месец јуни туризмот со пад од 95.6%

Само 4,4% евидентирани туристи споредено јуни 2020 со истиот месец од 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2020 година изнесува 5 210, а бројот на ноќевањата изнесува 14 179. Бројот на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 88.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 97.9 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, е намален за 90.1 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 96.6 %.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 71.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64.8 %, а кај странските има намалување за 74.8 %. Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 71.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 64.1 %, а кај странските има намалување за 75.3 %. 

Туризмот е една од најпогодените стопански гранки со Корона кризата. Заклучно со јуни ограничувањата и рестрикциите во овој сектор беа големи. Ослободување во дел од активностите, Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, даде во јули месец кога почна и примената на ваучерите за стимулирање на домашната потрошувачка и со која беа опфатени категорија на работници и граѓани со примања до 15.000 денари.

Согласно важечките протоколи се уште не се во функција аква парковите и спа центрите, а нема дозвола за организирање ниту на забави, свадби и свечености во рестораните. Со ограничување се реализираат и разни форми на работни семинари, конференции, настани.

 

 

 

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија