ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19

Член 1

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20, 119/20, 123/20, 125/20 и 126/20), во член 1, став 1, во точката 10, во ставот 2, Прилогот бр. 4 - Протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се менува со нов Прилог бр. 4 кој е даден во прилог и е составен дел на оваа одлука.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2147/15

Претседател на Владата

22 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

ПРИЛОГ бр. 4

ПРОТОКОЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕДНИЦИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ И КОНФЕРЕНЦИИ

Втора фаза

1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 - 2,0 м2.

2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски во текот на целиот настан.

3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете

4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо сретство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена)

5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите.

6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.

7. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

8. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак

Трета фаза

1. Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 - 2,0м

2. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена)

3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете достапно на неколку места

4. Просторијата почесто да се проветрува, задолжително во текот на паузите.

5. За време на паузите да се забрани групирање на присутните на повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.

6. По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

7. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје