УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за енергетика* за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 111/20), во членот 2¹ точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите „како и за 30 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.’’

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4463/1

Претседател на Владата

22 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

¹Член 2 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за енергетика* за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 111/20), чиј рок на важност се продолжува, гласи:

„Полагањето на испитот за стручна оспособеност за ракувачи на енергетски уреди и постројки се одложува за време на траењето на вонредната состојба.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје