Семинар 24.01.2020 УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ

24 јануари 2020 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Здраво, стабилно и урамнотежено управување со компаниите е извор на успешност и сигурност. Преку добро осмислен, современ и ефикасен систем за управување и мноштво други напори, активности и процеси неопходна е систематска промена во перцепцијата за важноста на безбедноста и здравјето при работа и заштитата на животната средина, како основен предуслов за одржлив развој на општеството и сите пропратни компоненти.

Неминовноста за зачувување на човечките животи и животната средина е голема, имајќи предвид дека секојдневно се појавуваат стандарди кои неминовно треба да се пратат и да се достигнат, за да се остане во чекор со современиот свет. Брзиот развој на науката и технологијата, глобални и интегративни процеси, порастот на различни облици на вмреженост и меѓузависност во однос на континуираниот раст на спротивност, дисторција и конфликти на регионални и глобални размери, безбедноста и здравјето при работа и заштитата на животната средина стануваат услов за опстанок на пазарот. Проблемите поврзани со безбедноста и здравјето се темел, ако не и најзначен проблем на современото општество.

Согласно законската регулатива за безбедност и здравје при работа, работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни ризиците на работното место од изложеност на многу физички агенси.
Терминот „физички агенси" најчесто се користи за да ja опише групата на извори на енергија кои имаат способност да нанесат повреда или болест на работниците. Примерите на физички агенси вклучуваат: бучава, вибрации, електромагнетни зрачења, електрична енергија и екстремни температури.
За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 24 јануари 2020 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ“, на кој ќе бидат анализиран и бучава, вибрации и осветлување во работна средина. 

На семинарот присутните ќе се стекнат со неопходни познавања за физичките штетности, супстанции  и одредени компетенции за управување со истите.

Предавачи:

1. проф. д-р Виктор Гаврилоски, професор на Машинскиот Факултет - Скопје;
2. проф. д-р Златко Петрески, професор на Машинскиот Факултет - Скопје;
3. доцент д-р Јовица Вулетиќ, асистент професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии и
4. проф. д-р Елисавета Стикова, доктор специјалист по медицина на труд од  Институтот за јавно здравје. 

СОДРЖИНА:

Семинарот ќе опфати елементи на теорија, практичен дел и студија на случаи.
Бучавата на работното место, исто така, може да создаде безбедносни ризици, каде што работниците нема да бидат во можност да ги слушнат предупредувачките звуци како што е бучавата на машините во погон или алармите. Таквите состојби лесно може да се случат во бучни работни места, особено каде што работниците треба да користат заштита на ушите и каде што некои работници страдаат од губење на слухот. Вредностите на емисија на вибрациите на шака-рака или на целото тело, ќе им овозможи да биде оцената веројатноста од изложеност на работното место и на тој начин да ги проценат можните ризици за работниците:
• Теоретски основи на вибрации и бучава;
• Разгледување на директиви, правилници, стандарди;
• Анализа на изложеност на механички вибрации и бучава;
• Инструменти за мерење на механички вибрации и бучава;
• Студија на случај (механички вибрации и бучава);
• Практични мерења на механички вибрации и бучава.

Презентацијата на тема: „Осветление во затворени простории“ ќе опфати:
- Светлотехника (дефиниција и цели);
- Светлина, гледање и боја (видно поле, температура на боја, индекс на репродукција на бои,   контраст, блескотење, треперење);
- Светлински извори и нивни карактеристики (флуоресцентни, метал-халогени и ЛЕД-светилки);
- Системи за внатрешно осветление (распределба на флукс, намена и работни услови, општо и дополнително внатрешно осветление);
-  Ниво на осветленост (EN 12464);
- Светлотехнички мерења и софтверски алатки за димензионирање на системи за осветление;
-  Референци.

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 21 jануари 2020 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина