НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА ЕДНОСТРАНИ ТАКСИ НА СТОКИТЕ – РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБИВА „МИНИ ШЕНГЕН“
➢ Актуелно (28.09.2020)
👁 Прочитано: 1094


Српска „Политика“ констатира дека се остварија барањата на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, за нов аранжман за економска соработка во регионот, под покровителство на водечките економии
НЕМА ВЕЌЕ ДА ИМА ЕДНОСТРАНИ ТАКСИ НА СТОКИТЕ – РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБИВА „МИНИ ШЕНГЕН“

Кога Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, отворено и без заобиколувања, на „Копаоник Бизнис Форумот“ пред година и половина, рече дека ЦЕФТА е „мртва“ и дека на регионот му треба нов аранжман под покровителство на Европската унија, со кој би се обезбедиле механизми за постигнување договор што ќе се почитува - никогаш не ни помислувал дека тоа навистина ќе се случи.

Регионот доби „Мини Шенген“, кој треба да го забрза протокот на луѓе, стоки, услуги и капитал, но овојпат гарант на тој договор е САД. „Мини Шенген“ е дел од договорот што беше потпишан во Вашингтон на почетокот на септември, што е значаен за Србија, која е најголем извозник во регионот и за само две години изгуби повеќе од половина милијарда евра поради затворањето на пазарите во Косово.

Стопанските комори на Србија и Косово, минатата седмица потпишаа заедничка изјава во Белград во присуство на високите американски претставници - Ричард Гренел, специјален советник на претседателот на САД и Адам Болер, извршен директор на ДФЦ (United States International Development Finance Corporation). Со изјавата, тие ја поддржаа иницијативата за регионална соработка „Мини Шенген“ бидејќи тоа е, како што се наведува, важен чекор кон просперитет и подобрување на стабилноста и конкурентноста во целиот регион на Западен Балкан.

Целата статија е достапна на следниот линк:

http://www.politika.rs/scc/clanak/463291/Неће-више-бити-једностраних-такса-на-српску-робу

 

Служба за информирање при Комората