НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26.09.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (26.09.2020)
👁 Прочитано: 1559


Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26.09.
26.09.1371 година, се одвивала Битката на Марица во која загинале Волкашин и Углеша Мрњавчевци, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на Прилепското кралство и турски вазал.
26.09.1580  година, англискиот мореполовец Френсис Дрејк го завршил своето патување околу светот.
26.09.1604 година, по многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигел де Сервантес.
26.09.1815 година, Русија, Австрија и Прусија ја создале „Светата алијанса“ со цел да ги задушат револуционерните движења во Европа.  
26.09.1849 година, роден е Иван Петрович Павлов, руски физиолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 1904 година.
26.09.1888 година, роден е Томас Стернс Елиот, англиски поет од американско потекло, добитник на Нобеловата награда во 1948 година.
26.09.1898 година, роден е Џорџ Гершвин, американски композитор и пијанист.
26.09.1948 годиа, родена е Оливија Њутон-Џон, австралиска глумица и пејачка.
26.09.1960 година, првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ.  
26.09.1993 година, во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.
Служба за информирање при Комората