Тиго Фајнанс - повеќе од две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

   

👁 Прочитано: 5952


Тиго Фајнанс - повеќе од две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

Финансиското друштво Тиго Фајнанс е присутно на македонскиот пазар нешто повеќе од две години. За овој релативно краток период, компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансискиот сектор, иако припаѓа на индустрија која има скромни 0,44% удел во вкупните средства.

Со своето работење, Тиго Фајнанс недвосмислено докажува дека е компанија која посветено работи на приближување на Fintech индустријата до граѓаните, како и подигнување на стандардите за брзината и ефикасностa на индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за ефикасна, детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира.

“Со нашето влегување на пазарот воведовме сосема ново ниво и стандарди за корисничка услуга и достапност на небанкарските финансиски услуги, и понатаму придонесувајќи за финансиската инклузија на општеството. Покрај понудата на услуги кои се потребни, па дури и неопходни за граѓаните, нашата улога и важност е евидентна и преку влијанието што како компанија го имаме врз социјалните и економските параметри во земјата, како и нашиот придонес кон општествените вредности. Oстануваме одговорен кредитор, со уште поамбициозни планови за развој на бизнисот и индустријата, зголемена динамика на активности и иновации, како и континуирани инвестиции во заедницата и едукација на населението”, изјави Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс.

Во насока на проширување на достапноста на услугите, компанијата во 2019 г. започна процес на експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 16 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 26 филијали во 19 градови. Трендот на експанзија продолжува и оваа година, со што компанијата дополнително го потврдува својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.

Трендот на раст на деловните операции е проследен и со пораст на директното и индиректното влијание на компанијата врз економијата. Тиго денес обезбедува стабилни приходи за повеќе од 100 вработени, а со своето работење придонесува со 23,8 милиони денари кон државниот буџет, преку  ДДВ, персонален данок, данок на добивка и социјални придонеси.  Досега, Тиго остварил соработка со над 250 добавувачи, реализирајќи плаќања кои достигнуваат и до 70 милиони денари и кои индиректно придонесуваат кон одржливоста на нивните приходи и вработување.

Заложбите на Тиго Фајнанс за напредок на целокупната индустрија на небанкарските финансиски друштва дополнително се потврдуваат и со вклучувањето на првиот човек на компанијата во управувачките одбори на Здружението на финансиски организации и Групацијата на финансиски друштва.

„Уверени сме дека Fintech и НБФИ индустријата како нејзин примарен носител во нашата земја допрва ќе се развива и ќе го следи ритамот со светските трендови. Ние како компанија имаме капацитет и сме подготвени да го понудиме нашето знаење да ѝ овозможиме на индустријата да се развива во вистинската насока, бидејќи крајниот резултат значи само придобивки за граѓаните, општеството и економијата во целост. Се надевам дека нашиот регулатор  и релевантните институции го делат нашето мислење и токму затоа, само со зацврстување на соработката и взаемно разбирање, ќе успееме да ги адресираме клучните поенти кои ќе ѝ овозможат раст и просперитет на целокупната НБФИ индустрија. Дополнително, евидентна е потребата и за подигнување на степенот на финансиска едукација на населението, што е „битка“ на сите нас и како компании и како институции и како граѓани. Затоа, за да успееме неопходно е сите посветено да работиме и да ги едуцираме граѓаните, а со тоа да креираме посилно, едуцирано општество“, додаде Димитровски.

Влатко Стојановски