ИЗНАОЃАЊЕ ОПТИМАЛНИ, А НЕ МАКСИМАЛНИ МЕРКИ

   

👁 Прочитано: 890


ИЗНАОЃАЊЕ ОПТИМАЛНИ, А НЕ МАКСИМАЛНИ МЕРКИ

Сашко Наков, генерален менаџер, АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА

Компанијата продолжува со производството, подготвува различни сценарија согласно ситуацијата, но не ја исклучува и можноста за затворање. Фокус треба да биде ставен кон креирање краткорочен план за следните 3 месеци и изнаоѓање оптимални мерки а не максимални. Сметам дека моменталната ситуација може да претставува и можност за нас како фабрика, дел од производството од позагрозените земји во рамки на корпорацијата да се префрли кај нас, што од друга страна позитивно ќе се одрази на домашната економија.