ОД СНАБДУВАЊЕТО СО НАФТА ЗАВИСИ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ СЕКТОРИ

   

👁 Прочитано: 673


ОД СНАБДУВАЊЕТО СО НАФТА ЗАВИСИ ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ДРУГИТЕ СЕКТОРИ

Ристо Јаневски, претседател на Здружение за енергетика (ОКТА АД Скопје)

На неделно ниво се троши 8-10 илјади тони дизел или 600-700 камиони се потребни за да се реализира таков увоз. Без гориво ни другите превозници нема да можат да функционираат, затоа снабдувањето со нафта и нафтени деривати мора да биде во приоритетите, за да нема проблеми во работењето на компаниите. Беа дадени препораки во однос на оперативните резерви – резерви кои секоја компанија треба да ги има во своето складиште и засега има доволни количини за нормално функционирање, но превентивно мора да се обезбеди увоз за да не се сведеме на користење на државните резерви како крајна инстанца. Предлозите за измена на подзаконските акти во Законот за енергетика, што се однесуваат токму на зголемување на оперативните резерви, преку Стопанската комора на Македонија се доставени до Владата и во таа насока е и мојот апел да се земат предвид со цел да се избегнат понатамошни проблеми во снабдувањето.