ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
16.09.2019 👁 Прочитано: 121

Денеска се отвара новиот царински терминал на Ќафасан


На граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година, пренесува сајтот Извозници.мк.

Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти, од Царинската управа истакнуваат дека нашата држава обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.

На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски,

Денеска се отвара новиот царински терминал на Ќафасан