Семинар 18.10.2019 УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИТЕ

- ПОТРЕБА ОД УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ, ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ОТСУСТВО НА ОТПОР КОН ПРОМЕНИТЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНИ МОЖНОСТИ, КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ ОД СТРАНА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

18.10.2019 година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат


Целта на овој семинар е да се докаже зошто секоја промена во институциите / приватни или државни не значи нарушување или промена на комодитетот во поглед на услови за делување, работна атмосфера, односи меѓу вработените .

Овој семинар нуди упатства за тоа што треба да се направи (целите) и како треба да се пристапи кон процесот (управување со промени).

Раководните лица во институциите треба:
- да го утврдат временскиот распоред за имплементација на промените,
- да се погрижат тоа да е личен приоритет и
- да внесат во своите агенди состаноци за разгледување на напредокот во текот на периодот на имплементација.

Организациониот облик за управување со човечки ресурси треба да обезбеди стручна и оперативна поддршка на непосредните раководители и да биде пример за водење на процесот на промени.

Семинарот ќе ви помогне:

• Да ги дознаете инструментите кои овозможуваат   поефиксни стручни усовршувања;
• Да се осознаат индивидуалните планови за усовршување;
• Да се разберат начините и условите во кои се   менаџираат промените;
• Да разберете зашто треба да се знаат механизмите за   менаџирање на промените;
• Да ги пронајдете принципите за справување со   промените;
• Да дознаете како да се води ефикасна внатрешна   комуникација за промените;
• Да дознаете што ги прави промените ефикасни;
• Да дознаете како да составите прашалник за мерење на   задоволството од промените;
• Да дознаете зошто вработените мора да бидат   консултирани и вклучени во планирањето на промените.

Придобивки на компаниите:

- Стандарди за управување промените во делот со човечки ресурси;
- Рамка за колективни компетенции;
- Обрасци за оценување;
- Брошура од областа на човечките ресурси за менторство.

Предавач:

- Проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање на успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Нејзиниот експертски и менаџерски сегмент го започнува на Скопски саем како организатор на домашни самски манифесации, продолжува со организација на меѓународни самески манифестации во земјата, како и организирање учество на домашните компании на меѓународни саемски манифестации. Кариерата на Скопски саем ја завршува како генерален директор, со многубројни признанија од областа на комуникациите, продажба и внатре компаниските односи.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 15.10.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 08.07.2020
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ-САЈТ ЗА „ОНЛАЈН“-ПРЕБАРУВАЧИ, СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНЕТ (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION (SEO)
Работилница, 09.07.2020
ПРАВА И ОБВРСКИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА И НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Тренинг обука, 10.07.2020
Следење на задоволството на клиентите и постапување по приговори преку стандардот ISO 10002:2018 МЕНАЏМЕНТ ЗА КВАЛИТЕТ
Семинар, 13.07.2020
ПРОМЕНЕТИТЕ ОКОЛНОСТИ КАКО ОСНОВ ЗА РАСКИНУВАЊЕ ИЛИ ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“