
Ве покануваме на Конференцијата „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“, организирана од страна на Стопанската комора на Македонија, Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ како координаторот на проектот и Техничкиот универзитет во Виена.
Спроведените активности во рамки на проектот доведоа до зголемување на конкурентноста на селектираните домашни компании и нивно проактивно вклучување во синџирот на добавувачи на странските инвеститори.
Во таа насока ќе бидат презентирани анализите, препораките и резултатите од реализираните индустриски проекти во домашните претпријатија, како и моделите за успешна соработка на домашните компании со странските инвеститори во државава. Искуствата и резултатите ќе претставуваат насоки за понатамошно унапредување на соработката на домашните и странски компании со имплементирање на успешни индустриски проекти во рамки на домашните компании во насока на зголемување на конкурентноста на домашната економија.
Конференцијата ќе се одржи на 4 декември 2019 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Мериот“ во Скопје.
Ве молиме, потврдете го Вашето учество, најдоцна до 29-ти ноември 2019 (петок) година кај контакт лицето: м-р Ивана Крстевска на е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 3244 051.