„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Здружение на хемиската индустрија

Здружението на хемиската индустрија ги опфаќа стопанските субјекти од базичната хемиска индустрија, производството на индустриски гасови, производството на фармацевтски производи, производство на козметички производи и средства за домаќинство, производство и преработка на пластични маси и гума.

Во Здружението на хемиската индустрија при Комората членуваат околу 60 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од сите гореспоменати дејности. Хемиската индустрија и производството и преработката на пластика и гума се значајна инфраструктурна индустриска гранка, чии што производи се користат во речиси сите сегменти на стопанството, додека во широката потрошувачка покриваат значајни и витални животни подрачја. Посебно значаен дел, кој бележи констинуиран раст е фармацевтската индустрија, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

На седница на Здружението на хемиската индустрија одржана на 22.01.2025 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен период е избран г-дин Александар Чадиковски, ТГС Технички гасови ДОО - Скопје, а за заменик-претседател се избра г-дин Емил Евгениевски, „Алкалоид“ АД – Скопје.

За претставници од Здружението на хемиската индустрија, во Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, за мандатен период 2025-2030 година се избраa:

1.     Боријан Борозанов, „Џонсон Мети“ ДООЕЛ - Скопје

2.     Емил Евгениевски, „Алкалоид“ АД - Скопје

3.     Душан Пецовски, „Реплек Фарм“ ДООЕЛ – Скопје

4.     Александар Чадиковски –„ТГС Технички Гасови“ ДОО-Скопje

 

.


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

Хемиската индустрија и производството и преработката на пластика и гума се значајна инфраструктурна индустриска гранка, чии што производи се користат во речиси сите сегменти на стопанството, додека во широката потрошувачка покриваат значајни и витални животни подрачја. Околу 60% од производство го испорачува во облик на полупроизводи на другите индустриски гранки, а останатите 40-ина % се пласираат како финални производи.

Посебно значаен дел, кој бележи констинуиран раст е фармацевтската индустрија, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

Основните параметри за оваа индустрија покажуваат  учество околу 1,8 до 2% како додадена вредност во БДП и учество од околу 5% во вкупниот број вработени во преработувачката индустрија.

Овие дејности во структурата на индустриското прозводство на преработвачката индустрија учествуваа со 7,86%

 
Индустриско производство по години
 
Структура
I-XII 2019
I-XII 2018
I-XII 2020
I-XII 2019
I-XII 2023
I-XII 2022
I-XII 2024
I-XII 2023

Производство на хемикалии и хемиски производи

2,02
110,7
109,3
98,4
106,1

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати

3,69
112,3
111,6
119,6
100,5

Производство на производи од гума и производи од пластични маси

2,15
99,4
111,5
85
98,2
Извор: ДЗС

Хемискиот комплекс просечно годишно реализира извоз на стоки од околу 2,1  милијарда ЕУР.

Во хемиската индустрија поважни инсталирани капацитети се за производство и извоз на: готови лекови, бои и лакови, ПВЦ прав, ПВЦ гранулат и компаунди, ПВЦ цевки, амбалажа од пластични маси, козметички препарати, адитиви за градежништво и технички гасови.

Во хемиската индустрија, постојните производствени потенцијали на инсталираните капацитети, како и искусниот кадровски потенцијал, се основа за забрзан развој и вложувања, пред се' во реализација на проекти од областа на заштитата на човековата средина за пречистување на почвата, каталитички обвивки, производи за третман на водата и за третирање на отпадот. 

Во делот на производство и преработката на пластични маси инсталирани се капацитети за згрижување и рециклирање на истите во функција на заштита на човековата околина.

Извозот на хемислите призоводи од година во 2024 година и изнесуваат 2,21 милијарди долари и имаме намалување од 18 % споредено со истиот период од 2023 година. Од извозот кој најголем дел припаѓа на подргрупата хемиски материјали и производи. со извоз од 1,84 милијарди долари за 2024 година а истиот е намален за 22% во однос на 11 месеци од 2023 година кога извозот изнесувам 2,38%. Потребно е да се напомене дека вака високиот процент се должи на извозот на катализатори.

Оваа хемиска индистрија учествува со околку 30% од вкупниоот извоз на државата

team-2

26.01.2023

Одржана седница на Здружението на хемиската индустрија

Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија на ден 26.1.2023 година одржа работен состанок, на кој се дискутираше во врска со работната верзија на предло...


Контакт лице: Сашо Деспотоски
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба Работи на формирање, вршење на активности за потребите на Аналитички центар на Стопанската комора на Северна Македонија

Телефон: + 389 2 3244089
Е-адреса: saso@mchamber.mk