„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Коморски Инвестициски Форум (КИФ)

Со едукација на компаниите до подобрување на можностите за соработка со партнери од Западен Балкан и ЕУ

14.03.2025

Реализиран семинар на тема: „Управување со ланците на снабдување и логистика“ со поддршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан

 Стопанската комора на Северна Македонија, во насокана градење на човечките капацитети во компаниите за поддршка на извозните активности на македонските компании и нивно подобро позиционирање на регионалните и меѓународните пазари, со подршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, на 14 март 2025 година организираше еднодневен бесплатен семинар на тема: „Управување со ланците на снабдување и логистика“. 

Семинарот го отвори м-р Михајло Донев, проектен менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија кој пред преставниците на бизнис заедницата истакна дека оваа активност се реализира со поддршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, во рамки на Проектот „Поддршка од ЕУ за инвестицискиот форум за шестте комори на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. 

Целта на овој едукативен настан беше учесниците да се запознаат со комплексниот систем на управување со ланците на снабдување кој ги поврзува сите организации, луѓе, информации, производи и ресурси кои учествуваат во креирањето на производ и/или услуга, од добавувачот па се до крајниот потрошувач, како и управување со ланците на снабдување како клучен елемент на модерното работење кој овозможува ефикасно поврзување на сите учесници во процесот на креирање и испорака на производот.

На семинарот присуствуваа 45 учесници од 25 компании од дејностите: земјоделие, трговија на мало, дистрибуција, хемиска индустрија, кондиторство, преработувачка индустрија, метална и електро.

Оваа обука беше наменета за менаџментот и раководните лица по сектори во компаниите, за вработените во службите набавка и логистика, раководители на производство, вработени во продажба, планери и контролори на квалитет како и лица задолжени за Category Management. Предавач на обуката беше Миљан Димитријевиќ, консултант со долгогодишно меѓународно менаџерско искуство, експерт во областа на продажбата, логистика, набавка и консултант со искуство во управувањето со големи тимови, кој има реализирано голем број консултантски проекти во областа на продажбата
 
Коморскиот инвестициски форум е основан од страна на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) со цел да се интензивира соработката помеѓу коморите во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.