„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.03.2025
Стопанската комора на Северна Македонија, во насокана градење на човечките капацитети во компаниите за поддршка на извозните активности на македонските компании и нивно подобро позиционирање на регионалните и меѓународните пазари, со подршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, на 14 март 2025 година организираше еднодневен бесплатен семинар на тема: „Управување со ланците на снабдување и логистика“.
Семинарот го отвори м-р Михајло Донев, проектен менаџер во Стопанската комора на Северна Македонија кој пред преставниците на бизнис заедницата истакна дека оваа активност се реализира со поддршка на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, во рамки на Проектот „Поддршка од ЕУ за инвестицискиот форум за шестте комори на Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.
Целта на овој едукативен настан беше учесниците да се запознаат со комплексниот систем на управување со ланците на снабдување кој ги поврзува сите организации, луѓе, информации, производи и ресурси кои учествуваат во креирањето на производ и/или услуга, од добавувачот па се до крајниот потрошувач, како и управување со ланците на снабдување како клучен елемент на модерното работење кој овозможува ефикасно поврзување на сите учесници во процесот на креирање и испорака на производот.
На семинарот присуствуваа 45 учесници од 25 компании од дејностите: земјоделие, трговија на мало, дистрибуција, хемиска индустрија, кондиторство, преработувачка индустрија, метална и електро.