„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Механизам за поддршка на извозот

13.10.2026

| Новости

Унапредувањето на извозот бара подобра координација меѓу институциите и приватниот сектор, како и преиспитување на постојните механизми за поддршка на компаниите.

Во разговорот со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, Анета Димовска, проектен менаџер во Комората и со искуство во државниот и приватниот сектор, посочува дека е неопходно да се коригираат системските слабости и да се оцени дали постојните механизми за промоција на извозот ги даваат очекуваните резултати.

„Ние имаме како држава воспоставено механизам кој што треба да служи како поддршка и промоција на извозот. Меѓутоа, треба да видиме дали истиот е соодветно поставен, и дали истиот испорачува резултати. Колку саеми се организирани, колку саеми се посетени, колку Б2Б средби се остварени, колку фотографии се направени на истите, не е поддршка на извозот. Резултатите треба да се мерат во бројот на склучени договори, новите освоени пазари и така натаму. Некако, според мене, и од искуство тоа го кажувам, заглавуваме на овој првиот дел“, оценува Димовска..

Целиот разговор е на линкот 

https://youtube.com/shorts/mMajOf-aX5o