„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
300 компании, 500 учесници, Македонско-турски бизнис форум во Истанбул со присуство на највисоки владини делегации од двете земји и македонски бизнисмени чие учество во домашната економија имаат исклучително значење.
Форумот беше организиран со претставување на потенцијалите за инвестирање во Македонија, две панел дискусии за инфраструктура, логистика, индустриско поврзување, заклучни согледувања од премиерот на Владата на РСМ проф. д-р Христијан Мицкоски и проф. д-р Омар Болам, министер за трговија на Турција и Б2Б средби со огромен интерес за поврзување на компании од двете страни.
Од настанот беа пратени повеќе пораки, дека се одбележува во време на одлични политички односи, дека постои заедничка визија за регионален просперитет во услови на силен дијалог меѓу владите, што обезбедува одлична основа за бизнис заедницата да ги прошири трговските инвестиции и стратешките партнерства.
Меѓусебните односи и поврзаноста меѓу двете земји постигна извонреден напредок со текот на годините. Билатералната трговија надмина 1 милијарда долари, но верувањата на присутните на Форумот е дека има капацитет да се дуплира размената на две милијарди долари и повеќе.
Во делот на инвестициските потенцијали на Македонија, беше кажано дека географската положба на нашата земја нуди можности од тука да се делува во земјата, регионот и цела Европа, во зависност од големината на фирмата која инвестира.
Македонија беше речено има хендикеп и предност. Хендикепот е што, за жал, ние сме земја без излез на море, но, предноста е географска положба, да бидеме единствената земја во Југоисточна Европа каде што се вкрстуваат два паневропски коридори, 8 и 10, еден од најважните во Европа, бидејќи еден крак (источното крило) започнува во Истанбул, западното крило започнува во Атина со пристаништето во Пиреја, а завршуваат во Хелсинки, Финска. Така што, ова е буквално најдолгиот и најиновативниот економски коридор во Европа. И ние сме доволно среќни што без нас нема Коридор 10.
За коридорот 8 имаме серија активности во државата бидејќи визијата на Владата е дека Коридорите имаат стратешка инфраструктурна важност.
Премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски, во завршното обраќање ги повика турските компании да го препознаат потенцијалот на земјава и да станат дел од нејзиниот развоен процес. Истакна дека државата нуди стабилна бизнис-клима, поволни услови за инвестирање и пристап до регионалните и европските пазари. Турција е еден од најважните економски и трговски партнери на земјава, а трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари
Форумот заврши со организирање деловни (Б2Б) средби меѓу компании од двете земји, со огромен интерес за воспоставување комуникација и нови поврзувања, продлабочување на деловните партнерства.