„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Либерализацијата на енергетските пазари донесе нови правила и промени во енергетиката

18.11.2026

| Новости

Енергетските кризи, нафтените шокови и глобалните економски промени значително влијаеја врз развојот на енергетиката, менувајќи ги дотогаш воспоставените текови и начинот на функционирање на енергетските системи.

Во новата епизода на „Chamber Talks“, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, разговара со д-р Ристо Јаневски, претседател на Собранието на Комората и претседател на Здружението за енергетика, за трансформацијата на енергетскиот сектор и промените што ги донесе либерализацијата на електроенергетските пазари.

Како една од најзначајните промени во енергетиката, Јаневски ја посочува токму либерализацијата, со која дотогаш интегрираниот систем, заснован на три столба – производство, големопродажба и дистрибуција на електрична енергија – се подели на одделни сегменти.

Дел од разговорот тука https://youtube.com/shorts/8UcJRUuaW5c?si=tXrG856rAAAwMNFQ

Целата емисија „Chamber Talks“ погледнете ја во продолжение https://youtu.be/_FJRfNFAIhc?si=Xum2Z6jmDqvdhdML