„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во насока на унапредување на знаењата за креирање анализи за идентификување на вештините на постојните вработени и нивно надградување, Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк), организираше работилница за имплементација на ГО-Моделот, Анализа за предвидување на вештини и нивно надградување.
.jpg)
Целта на работилницата беше запознавање на лицата задолжени за спроведување на кадровска политика и управување со човечки ресурси во компаниите, координаторите на здруженијата во рамки на Комората и вработените во регионалните комори, со „ГО-Моделот“ за препознавање на знаењата и вештини со кои располагаат вработените во една компанија и нивно унапредување за потребите на работните позиции и деловните цели во насока на подобрување на производните процеси и компаниските перформанси.
Врз основа на претходно учество во пилотирање на ГО-моделот, своето искуство го споделија и претставници од Стопанската комора вклучени во креирање на образовни политики за потребите на вештини за приватниот сектор.
.jpg)
За придобивките на ГО-Моделот зборуваше м-р Михајло Донев, помошник оперативен директор за развој, иновации и знаење, кој истакна дека истиот поттикнува култура на учење и развој преку систематски пристап кој ги поврзува индивидуалните и организациските капацитети за градење релевантни стручни вештини кои одговараат на современите трендови, технички и технолошки аспекти кои влијаат врз трансформацијата на едно работно место, како и за градење на меките вештини коишто дополнително влијаат за градење на организациската култура. Дополнително, истакна Донев, моделот го олеснува идентификувањето на тековните, но и на идните потреби од вештини на работните места и ги насочува компаниите кон едукација и обуки на вработените за развој на нивните компетенции.
Мариане Милер, проектен менаџер од Швајцарската федерација за образование на возрасни (SVEB), го презентираше „ГО моделот“ за препознавање на потребни вештини и знаења во насока на нивно трансферирање водени од технолошкиот напредок во склоп на една квалификација. Станува збор за модел кој во основа опфаќа скенирање на работните задачи кои се обавуваат на една работна позиција и нивно преточување во вештини и клучни компетенции за подобро разбирање на потребите на работното место, но и дефинирање на нови вештини кои ќе бидат побарувани во иднина за истото работно место.
Во вториот дел од работилницата, претставниците од компаниите: „Завар Компани“ - Скопје, „Окта“ АД - Скопје, „Руен Инокс Аутомобиле“ - Кочани, „Комфи Ангел“ - Прилеп и „Ламинати“ – Прилеп, во соработка со координаторите на здруженијата и регионалните комори работеа на подготовка на План за развој на вештини кои ќе го применат во нивните компаниите. Ваквата соработка беше иницирана за подобро разбирање на потребите од вештини во компаниите, кои беа од различни сектори, се со цел стекнатите информации за потребите од секторот полесно да се транспонираат преку активностите на здруженијата.