„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е во процес на реакредитација на своите студиски програми, а за постигнување на таа цел од големо значење е мислењето на индустријата. Затоа, на иницијатива на Машинскиот факултет и на Стопанската комора на СМ, на 6.4.2026 беше одржана панел-дискусија во просториите на Комората, на која се дискутираше со претставниците на бизнис-секторот за тоа како да се унапредат студиите по машинство и да се задоволат потребите на сите заинтересирани страни. Од особено значење беше да се слушне мислењето на компаниите за тоа каков профил на инженер им е потребен и кои клучни компетенции им се неопходни. Целта беше да се отвори конструктивен дијалог за тоа каков кадар ѝ е потребен на индустријата денес, кои знаења и вештини се неопходни и како може заеднички да се создаде поквалитетен образовен процес.