„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Како до градење домашни брендови

22.10.2026

| Новости

Градењето препознатливи домашни брендови и зголемувањето на додадената вредност се важни предуслови за поголема конкурентност на странските пазари.

Проф. д-р Дарко Лазаров, проректор за инвестиции, развој и одржување при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората, посочува дека домашните компании имаат ограничен број брендови препознатливи на регионалните, европските и глобалните пазари.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, нагласува дека конкурентноста бара функционална држава што нема да создава непотребни трошоци за компаниите, кои ја зголемуваат почетната цена на производите.

Истовремено, како што беше истакнато во разговорот со м-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Комората, конкурентноста не се гради само преку цената, туку и преку повисока продуктивност, квалитет и образование.

Целиот разговор е на линкот https://youtube.com/shorts/ZIgqJZPgJI8