„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Клубот на извозници при Комората на Саемот “FOOD EXPO GREECE 2026” Атина

19.03.2026

| Актуелно

Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство на РСМ, втора година по ред, со група компании успешно се претставија на реномираниот меѓународен саем “Food Expo Greece 2026” - што се одржа во Атина, Грција.

На саемот како изложувачи учествуваа шест македонски извозни компании од земјоделско-прехранбениот сектор:

-        „Острог Луна“ Струмица

-        „ВИПРО“ ДООЕЛ Гевгелија

-        „ВЕТЕРИНАР“ ДОО Гевгелија

-        „КИМ“ ДООЕЛ Неготино

-        „ЛИОН“ Свети Николе (Леона)

-        „Фруктана“ ДОО Карбинци

Македонските компании изразија исклучително задоволство од остварените контакти, како и од вкупната организација и посетеност на настанот. Саемот беше исклучителна можност за домашните извозни компании да ја претстават и промовираат својата палета на производи и да воспостават трговски и бизнис релации со потенцијални партнери и купувачи од повеќе земји. Реализирани се број деловни средби со потенцијални партнери од различни пазари, со како што велат реален потенцијал дел од овие контакти да се трансформираат во конкретни извозни договори во наредниот период.

“Food Expo Greece” претставува водечки саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, на којшто учество земаа над 1.300 компании-изложувачи од целиот свет и истите ги промовираа своите производи во повеќе области од прехранбената индустрија и секторот на пијалаци. Истиот пречека повеќе од 35.000 посетители и повеќе од 1.000 купувачи од 80 земји ширум светот.

Поддршката на македонските компании за извозна промоција е веќе конципирана структурно во Комората преку формите и телата кои функционираат, Клубот на извозници, Институтот за извоз и Националниот совет за извоз, преку кои се работи на подигнување на капацитетите на домашните компании за странските пазари.