„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Огласи

19.06.2024

ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ - ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ: “ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЗА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА”

 

За потребите на Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity“, имплементиран од Стопанската комора на Северна Македонија и поддржан (ко-финансиран) од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) согласно Договор за соработка Бр. 72016522CA00001 УСАИД Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, Ве покануваме да доставите понуда за набавка на техничка опрема која се состои од дигитални камери и микрофони за конференции.

Ве молиме да ја доставите Вашата понуда согласно документацијата во прилог на ова Барање, а во врска со предметот на набавката, најдоцна до 05.07.2024 година до 15:00 часот во Архивата на Комората или по пошта (ул. Димитрие Чуповски бр. 13, 1000 Скопје), со назнака „Понуда за набавка за проектот PSRISA – Не отварај“.

Во прилог на ова Барање, доствуваме спецификација на документацијата која треба да биде содржана во Понудата: Барање

Повеќе информации за проектот можете да прочитате тука.


Контакт лице: м-р Ивана Анчев
Соработник во Организациона целина за развој, иновации и знаење

Телефон: +389 2 3244051

Е-адреса: ivana@mchamber.mk