„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Средба во Стопанската комора со амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам

04.12.2025

| Актуелно

Потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, оствари работна средба со амбасадорката на Социјалистичка Република Виетнам со седиште во Софија, Н.Е, Нуен Ти Мин Нујет.

На средбата, на која присуствуваше и помошникот оперативен директор на организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија, Васко Ристовски, беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка, зголемување на деловните контакти и отворање простор за партнерства меѓу компаниите од двете земји. Особено се искажа интерес за соработка за компаниите од секторите фармацијата и туризам, агро-прехранбените производи, ИКТ секторот, а се отвори и прашањето за размена на знаење и вештини во делот на образованието и дигитализацијата на администрацијата.

 

Стопанската комора изрази подготвеност да поддржи иницијативи за нови деловни мисии, додека амбасадорката го истакна интересот на Виетнам за посилно економско присуство во регионот.

Во рамки на средбата беа презентирани и најновите податоци за економската состојба на Виетнам и технолошкиот напредок на земјата.

Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната размена со Виетнам изнесува 60,4 милиони САД $, што е раст од 23 % во однос на 2024 година. Извозот е 833,7 илјади САД $, а увозот 1,11 милиони САД $. Најзастапени во извозот се фармацевтски производи, а во увозот мобилни телефони, обувки и акажу ореви.