Под мотото „Што ако можеш сè“, НЛБ Банка Скопје одбележа важен јубилеј – 40 години од основањето. Од мала финансиска организација со корени од 1985 година, НЛБ банка денес е една од трите водечките банки во Македонија, препознатлива по иновативноста, стабилноста и силниот придонес во економскиот и општествениот развој на земјата.
Со јасна стратешка визија, НЛБ Банка се позиционираше како трета најголема банка во земјата со 16% пазарен удел во средствата на банкарскиот сектор и 2 милијарди евра актива, која претставува 14% од БДП на земјата. Банката е длабоко вкоренета во локалната економија, активно ги поддржува реалниот сектор, граѓаните и одржливиот развој.
Во изминатиот период, НЛБ банка постави стандарди во дигиталното банкарство, во корпоративното управување и во одржливото финансирање. Клучни бројки од работењето на банката:
- Вкупното кредитно портфолио на крајот од 2024 изнесува 1,4 милијарди евра;
- Само во 2024 пласирани се 560 милиони евра нови кредити;
- 35% од портфолиото (506 милиони евра) се кредити за компании, од кои 44% се наменети за микро, мали и средни претпријатија.
На меѓународната конференција NLBNext – „Иднината на банкарството“, претседателот на Управниот одбор, Тони Стојановски, истакна дека основната смисла на постоењето на НЛБ Банка оди подалеку од бројките, тоа е влијанието врз општеството, додадената вредност во исплатени плати, задржување на работни места и заедницата во која растеме заедно. Притоа, тој потенцираше дека „затоа сме банка за сè што следи – подготвени за новите технологии и за потребите на клиентите кои постојано се менуваат.“
Членот на Надзорниот одбор, Зоран Јовановски, ги истакна инвестициите во дигитализација – 1,6 милиони евра само во 2024 година. Денес над 471.000 активни клиенти, од кои 453.000 физички лица и над 17.000 корпоративни клиенти, ѝ веруваат на НЛБ Банка:
- 134.000 граѓани ја примаат платата (секој 4-ти вработен во земјата);
- 81.000 пензионери ја примаат пензијата;
- 42.000 корисници добиваат социјални надоместоци.
Банката е лидер во спроведувањето на ЕСГ стандардите: 2/3 од трансакциите се дигитални, употребата на хартија е преполовена, а во 2024 година се вложени 500.000 евра во над 50 општествено одговорни проекти. Исто така, во развој на вработените се инвестирани 660.000 евра и 55.000 часови обука.
По 40 години, НЛБ Банка Скопје не само што го прославува минатото – таа уверено чекори кон иднината.