„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Вештачката интелигенција – правец на иднината во новата епизода на Chamber Talk

06.11.2026

| Новости

Колку е подготвена Македонија за промените што ги носи вештачката интелигенција и кои се главните предизвици за нејзина примена? Ова е темата на новата епизода на „Chamber Talk“, во која претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, разговара со Мирослав Гроздановски, советник на министерот за дигитална трансформација.

Гроздановски посочи дека вештачката интелигенција се развива со огромна брзина, поради што е тешко да се предвиди што ќе донесат следните две години. Во регионот, според него, сè уште недоволно се препознава нејзиниот потенцијал и влијанието врз производството, транспортот и секојдневното живеење. Оценувајќи ја подготвеноста на Македонија на скала од 1 до 5, тој ја позиционираше земјата на ниво 3.

Како значаен предизвик ја посочи подготвеноста на компаниите и вработените да ги прифатат новите технологии и да го променат досегашниот начин на работа. Затоа, неопходна е едукација на вработените и подигнување на свеста за можностите што ги отвора вештачката интелигенција.

Целиот разговор е тука