„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СО КУПУВАЊЕ ПРОИЗВОДИ ОД МАКПРОГЕРС ВГРАДУВАМЕ ПО ЕДНА ЦИГЛА ВО ОБНОВАТА НА КОМПАНИЈАТА

09.09.2025

ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ПРЕД ЧЛЕНОВИТЕ НА УО НА КОМОРАТА

 Ситуацијата со Макпрогрес доаѓа во период кога се иницира кампања за промоција на “МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО”, за која ресорниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипунов на работна средба со претставниците на бизнис секторот предводена од претседателот на Комората Азески потенцираше дека оваа кампања има за цел да ја подигне националната свест за домашниот производ.

По направените анализи на економските показатели кои во еден дел покажуваат надолен тренд, Владата осмисли и започна кампањата насловена како “МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО” со цел да се подигне свеста кај купувачите за домашните прехранбени производи и стимулира домашното производство. Така, делувајќи заеднички – Владата, министерството и бизнис секторот, ќе се врати довербата во нашето знаење, во нашата рака и во нашиот потенцијал, а парите ќе завршат во домашната економија. Владата ќе ја има својата улога во промовирање, поддршка и создавање на погодна бизнис клима, компаниите ја имаат својата улога во создавање на квалитетни производи, а ние, како граѓани, ја имаме најважната улога: моќта да избираме.

На почетокот со кампањата беа опфатени само производителите на примарни производи, но сега-во следната фаза, ќе биде опфатена и преработувачката индустрија.

Претседателот Бранко Азески истакна дека ни недостасува цел, а тоа е зголемување на бруто домашниот производ. Само на тој начин ќе ја размрдаме домашната економија. Ова не е повик за затворена економија, туку за отворена самодоверба. Оваа кампања е повик на сите нас – влада, бизнис и граѓани – да се здружиме околу заедничка цел: просперитетот на нашата земја.

Преку купување на производите на Макпрогрес во следниот период, а согласно и повиците на социјалните мрежи обединувањето на овој начин треба да стане пракса за вакви ситуации кои за жал оставаат сериозна трага по различни основи врз функционирањето (општествени, лични, економски и сл.).

Претседателот на Комората Бранко Азески, за рефлексиите на пожарот на Макпрогрес врз домашната економија, но и врз работењето на самата компанија како и за опстанокот на вработените, говореше пред членовите на Управниот одбор (вторник 9.9.2025 година). Истакна дека е формиран е кризен штаб, направена е првична анализа, и во соработка со Макпрогрес се работи на создавање план за делување и на домашен и на регионален пазар да се направи се, за да се избегнат максимално големите трагедии.