„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Работна средба меѓу Стопанската комора на Северна Македонија и Индустриската комора на Коња

30.07.2025

 Во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работна средба на којашто извршниот директор на Комората, Антони Пешев, со своите соработници ги  прими претставниците од Индустриската комора на Коња, Република Турција.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на зајакнување на трговската размена, заеднички инвестиции и размена на добри практики меѓу македонските и турските компании.

Пешев ја истакна важноста на зголемувањето на билатералните односи и потенцијалот кој го има македонската економија за привлекување странски инвестиции. Тој посочи дека, Македонија иако мала земја, сепак претставува одлична дестинација за инвестирање и соработка, особено поради нејзината стратешка местоположба.

Фатих Бајрактар, генерален секретар на Индустриската комора на Коња ја изрази својата заинтересираност за продлабочување на соработката и вмрежување на компаниите од двете земји, особено во машинската индустрија и ИТ секторот, како и можностите за взаемна размена на знаења, иновации и работа на заеднички проекти. 

Средбата заврши со договор за иницирање конкретни активности и организирање на бизнис форуми кои ќе овозможат директна комуникација и вмрежување меѓу компаниите од двете земји, но и можност за настап на компаниите членки на Стопанската комора на претстојните саемски манифестации што ќе се организираат во Коња, по повластени услови.