„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
25.04.2025
Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа средба со новоименуваната амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара.
На оваа прва и исклучително пријатна средба, претседателот на Стопанската Бранко Азески и амбасадорката Кавахара разговараа за големиот потенцијал за економска соработка помеѓу Македонија и Јапонија, со акцент на воспоставување на нови можности за технологии, храна, енергетика, минерални суровини и др.
Тие исто така се согласија дека Стопанската комора ќе ги стави на располагање своите капацитети и во следниот период ќе се интензивира соработката помеѓу македонските и јапонските компании.
Беше понудена и дополнителна можност за јапонските компании преку Коморскиот инвестициски форум, како платформа за соработка на Јапонија со земјите од Западен Балкан.
На годинешниот светски настан Осака Експо 2025, кој се одржува од април до октомври, свое претставување има и Македонија, како и неколку компании членки на Стопанската комора.
Претседателот Азески ѝ посака успешна дипломатска мисија на новата амбасадорка Кавахара и изрази уверување дека пријателските односи и соработката меѓу двете земји ќе продолжат, со поголем интензитет на економски план.