„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Микрокредитирањето сè повеќе насочено кон малите и средните бизниси

16.09.2026

| Новости

Микрокредитирањето во Северна Македонија во наредните години има потенцијал сè повеќе да се насочи кон финансирање на малите и средните претпријатија, смета Никола Јошевски, претседател на Групацијата на небанкарски финансиски друштва. Според него, досега микрокредитирањето најмногу се фокусираше на физички лица, а следниот чекор е поголемо учество во финансирањето на малите и средните бизниси.

„Сите знаеме дека малите и средни претпријатија се потешко и потешко добиваат кредити од банките, затоа што се потребни најчесто хипотеки или се потребни на некои гаранции кои што тие не можат да ги исполнат. А ние, како кредитни друштва, како финансиски друштва, сме најсоодветни да понудиме производи каде што тие брзо, ефикасно ќе добијат средства кои што им се потребни во моментот и кои што наменски ќе ги употребат, затоа што тие средства, ако за нас е само капитал или пари, за нив може да биде некоја нова машина, некој нов производ, некој нов пазар или зголемување на учеството на пазарот “, вели Јошевски.

Целиот разговор на линкот https://youtube.com/shorts/7c2BXWlMX30