„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Јапонска делегација во посета на Стопанската комора

19.08.2026

| Новости

Во Стопанската комора беше одржана работна средба со генералниот директор на јапонската  организација за надворешна трговија (JETRO) од Виена, Тадаши Мураками, на која присуствуваше и амбасадорката на Јапонија во С. Македонија, Н.Е. Сецуко Кавахара.

Средбата беше во насока на продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји и подготовка на посетата на јапонска делегација компании во Македонија, планирана за ноември годинава.

Стопанската комора останува значаен партнер во поврзувањето на домашниот бизнис сектор со странските компании и инвеститори, создавајќи можности за воспоставување нови деловни контакти, партнерства и инвестиции. Преку својата улога како платформа за дијалог и деловно вмрежување, Комората придонесува кон олеснување на комуникацијата, размена на информации и идентификување на можности за соработка.