„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

Губерова за „Блумберг Адрија“: Осигурувањето е клучна финансиска заштита по невреме

23.07.2026

| Новости

 Претседателката на Групацијата за осигурување при Стопанската комора на Северна Македонија, Ралица Губерова, во изјава за „Блумберг Адрија“ зборува за тоа кои штети од невреме се покриени со полисите за осигурување, кои се најчестите исклучоци, што треба да направат граѓаните веднаш по настанувањето на штетата и како се спроведува постапката за надомест.

Губерова посочува дека штетите на куќи, станбени згради и деловни објекти вообичаено се покриени со полисите за осигурување на имот, додека штетите на возилата се покриваат само доколку сопственикот има каско-осигурување. Таа нагласува дека навременото осигурување претставува значајна финансиска заштита во ситуации кога последиците од природните непогоди можат да предизвикаат големи материјални штети.

Целата содржина може да се погледне на линкот