„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.06.2026 - 08.07.2026 , Обука
сала 3, 3 кат Стопанска комора на Северна Македонија
Мерливост и следливост, кај секоја производствена компанија се неопходни за успешна работа. Соодветното организирање на мерењата и поставување на систем за следливост резултира со соодветни и оптимални цели во компаниите. Ваквиот коректен мониторинг доведува до превовремени реакции за превенирање или корегирање на:
- Тесни грла
- Неефикасностност
- Загуби
- Неопходни подобрувања
- Подобрувања пред да дојде до неаскани настани и сл.
Со правилна употреба на техниките за поставување на “Такт-Време“ и “KANBAN” се постигнува подобра поставеност на сите работни позиции, а со тоа и подигнување на квалитетот на работните места, преку:
- Соодветни нормативи
- Оптимални норми
- Подобрена комуникација меѓу секторите – Производство, Квалитет, Одржување, Набавки и Логистика
- Поставување на вистински потребни КПИ – мерливи и со јасно значење
Овие техники мора да им се разбирливи и познати на раководните структури, со цел соодветно објаснување и поставување на истите на извршно ниво.
Добрите пракси докажале дека примена на овие техники со поедноставување, детализирање и јасност при дефинирање, опишување и пренесување на информациите гарантираат подобрувањето на работната култура.
Со намера да понуди дополнителни знаења за ефикасно поставување на методологиите кои создаваат “Мониторирање и интервенции на ефикасност и квалитет со континурано подобрување“, Стопанската комора на Северна Македонија на 8 и 9 јули 2026 година организира обука на тема: “Takt-Time, KANBAN и производни КПИ”, која ќе се фокусира на овие важни методи за обезбедување стабилен и одржлив развој на секоја организација.
Обуката е наменета за сопственици, управители, високо и средно ниво на раководство, кои имаат одлучувачка и организациска улога за подобрување и оптимизирање на процесите, оперативните процедури и работните постапки. Пристапот и примерите се најсоодветни за производствени компании.
· Стекнување со нови знаења за подобрување на ефикасноста на тимската работа
· Јасна едноставност за подобрување на ефективноста на работните тимови
· Поддршка на следливоста во работењето
· Поддршка на култура на континуирано подобрување
· Оспособување за дополнителни знаења од повисоко ниво, врз основа на докажани добри пракси
I. Сесија 1 – Такт-Време
II. Сесија 2 – KANBAN
Повлекување на проток
Препреки за соодвтена примена на KANBAN
Вежба и дискусија
III. Сесија 3 – Поврзување на техниките
Влијание на Продукциски КПИ
Креација, Разбирање и Презентација на КПИ за производство
IV. Сесија 4 – Како до “KAIZEN”
Креација, Разбирање и Презентација на КПИ за п
Кои се препреките за правилно дефинирање на продукциски КПИ
Докажана експертиза во водење на меѓуфункционални тимови, имплементирање на LEAN методологии и оптимизирање на перформансите преку OEE и KPI стратегии.
Силен комуникатор со GENBA-ориентиран начин на размислување, фокусиран на донесување одлуки засновани на факти, континуирано подобрување и практичен стил на лидерство.
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 06.07.2026 година.