„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
03.06.2026 - 24.06.2026 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Во современиот деловен свет, финансиските одлуки се носат врз основа на огромни количини податоци кои бараат брза и прецизна обработка. Вештачката интелигенција (АИ) станува клучен партнер во овој процес – од анализа на финансиски податоци до креирање на интелигентни финансиски агенти кои можат да поддржат стратешко одлучување. Примената на АИ во финансии не е само технолошка иновација, туку и суштинска трансформација на начинот на кој организациите управуваат со ресурси, ризици и инвестиции. Со правилна употреба, АИ носи конкурентска предност, поголема сигурност и нови можности за раст.
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 25 и 26 јуни 2026 година ја организираат обуката: „АИ во финансии: Од анализа на финансиски податоци до креирање на ваш финансиски агент“
Оваа обука е одличен прв чекор за сите што сакаат да ја разберат улогата и потенцијалот на AI во модерните финансии и да ги дигитализираат рутинските задачи за поголема ефикасност, точност и контрола.
Обуката е наменета за финансиски менаџери, контролори, бизнис и финансиски аналитичари, сметководители, ревизори, консултанти, банкарски професионалци, финтек претприемачи и проектни менаџери кои сакаат да го модернизираат финансиското работење преку вештачка интелигенција (AI).
Учесниците ќе научат како практично да применуваат алатки како Copilot во секојдневните финансиски процеси – од верификација и анализа, до планирање, известување и автоматизација.
Дополнително, учесниците ќе имаат можност да креираат сопствен финансиски AI агент, специјализиран за нивните работни процеси. Агентот ќе може да извршува рутини задачи, да обработува податоци, да креира извештаи и да поддржува финансиски одлуки — со што значително ќе ја зголеми ефикасноста и продуктивноста во работата.
Ќе разберете што претставува AI во финансискиот сектор, кои се неговите предности, реални применливи случаи и модерни трендови во индустријата.
Ќе научите како да креирате јасни и ефективни prompt-и што ја подобруваат комуникацијата со AI и резултатите при работа со финансиски податоци, анализи и документи.
Ќе откриете како да управувате со финансиски податоци, да проверувате интерни процедури, да валидирате извештаи и да ја подобрите точноста при секојдневните контроли.
Ќе научите како да анализирате KPI, да следите буџети и продуктивност, и да генерирате професионални Excel и PowerPoint извештаи со помош на AI.
Ќе создадете сопствени интелигентни асистенти кои автоматизираат рутински финансиски задачи, ги подобруваат работните текови и го намалуваат административниот товар.
Ќе ги истражите можностите на AI во Excel и други платформи за чистење, организирање и визуелизација на податоци, како и идентификација на трендови, ризици и можности.
Ќе разговараме за идните потребни компетенции, регулативи, ризици и стратегиите кои финансиските тимови мора да ги усвојат за да останат конкурентни.
Сандра Златковска, eксперт за проектен менаџмент, маркетинг стратегии и примена на AI и дигитални алатки. Нејзината експертиза опфаќа планирање и реализација на интегрирани маркетинг кампањи, user acquisition, раст и монетизација, со силна основа во анализа на податоци, KPI следење и користење на аналитички пристапи за донесување одлуки. Во моментот е ангажирана како Project Manager и независен маркетинг и стратегиски консултант, каде работи на развој и имплементација на стратегии за раст и дигитализација. Како Senior Project Advisor во, учествува во иницијативи со повеќе засегнати страни, насочени кон маркетинг, дигитализација и одржлив развој. Дополнително, има искуство како член на жири во UNICEF Global Game Jam, каде придонесувала во иницијативи за развој на млади таленти и дигитални вештини на меѓународно ниво.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 24.06.2026 година.