„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.04.2026 - 27.04.2026 , Обука
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1, 1-ви спрат
Во насока на приближување на дигиталните вештини до секоја компанија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Семос Едукација, на 28 и 29 април 2026 година ја организираат обуката: „Како ChatGPT да работи за Вас: Од потреба до решение“
ChatGPT е алатка базирана на генеративна вештачка интелигенција која може значително да ја олесни и подобри вашата секојдневна работа, без разлика дали станува збор за пишување мејлови, истражување, креирање содржина, анализирање информации, па дури и визуелизација на идеи. Сè повеќе професионалци низ различни индустрии ја користат оваа технологија за да заштедат време, да работат попаметно и да носат подобри одлуки.
Оваа обука не е наменета само за ИТ професионалци. Таа е наменета за сите што сакаат да го поедностават секојдневниот работен процес, без разлика дали се од администрација, маркетинг, продажба, финансии, HR, образование, ИТ, здравство, логистика или јавниот сектор. Обуката е практична, интерактивна и веднаш применлива.
Обуката ќе ви помогне да ги совладате основните и напредни техники на користење на ChatGPT и другите GPT алатки, преку практични примери и реални сценарија. Ќе научите како да поставувате ефективни прашања, како да го прилагодите тонот и стилот на одговорите, како да креирате сопствени GPT-алатки и како да истражувате теми длабински, сè со помош на вештачка интелигенција. Дополнително, ќе се запознаете и со можностите за генерирање на визуелни содржини (слики и видеа) преку Sora, новата алатка за креативна работа со AI.
· Вовед во ChatGPT и генеративна вештачка интелигенција
· Основи на промтовите: улоги, тон, контекст
· Користење на ChatGPT за секојдневни задачи: пишување мејлови, сумирање содржини, креирање планови, истражување
· Креирање и прилагодување сопствени GPT-алатки
· Напредни техники за истражување со ChatGPT
· Генерирање на визуелни содржини (слики и видеа) преку Sora
Обуката е дизајнирана за професионалци од различни сектори кои сакаат да научат како да ги применат алатките базирани на вештачка интелигенција, особено ChatGPT, во својата секојдневна работа. За следење на обуката не е потребно предзнаење од ИТ или програмирање, доволно е основно познавање на дигитални алатки (е-маил, документи, интернет пребарување). Корисна е како за почетници, така и за напредни корисници кои сакаат да ги продлабочат вештините.
Придобивки од обуката:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 27.04.2026 година.
Местата се ограничени, а принципот на пријавување е: прв пријавен – прв услужен