„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

деловни средби

БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА- КАЗАХСТАН

07.04.2026 - 20.04.2026 , деловни средби

Стопанска комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4

По повод работната посета на бизнис делегација од Република Казахстан предводена од министерот за трговија и интеграција на Република Казахстан, Арман Шакалиев, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Центарот за развој на трговска политика „QazTrade“ и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, имаат чест да ве поканат да земете учество на претстојниот:

Бизнис форум и билатерални средби

меѓу компании од Северна Македонија и Казахстан 

На настанот како дел од делегација ќе учествуваат компании од Република Казахстан од следните сектори:

·        Трговија и извоз / надворешно-економски односи

·        Инвестиции и туризам

·        Градежништво и инфраструктура (патишта)

·        Прехранбена индустрија (вклучувајќи готови производи и специјализирани продукти)

·        Лесна индустрија и мода (облека, венчаници)

·        Здравствени услуги (здравствени установи, медицински помагала)

·        Металопреработувачка и машинска индустрија (цевки, индустриски котли)

·        Енергетика и рударски сектор

·        Земјоделство и агро-индустрија (вклучувајќи ѓубрива)

·        Дрвна индустрија

·        Печатарска индустрија

·        Слободни економски зони и логистика

Настанот ќе се одржи на 20 април 2026 година (понеделник) во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4, со почеток во 11:00 часот.

Бизнис форумот и билатералните средби претставуваат значајна можност за воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства, како и за идентификување на конкретни проекти и инвестиции од заеднички интерес, со цел унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Казахстан.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство и да го искажете вашиот интерес за средби, најдоцна до 17април 2026 (петок) со пополнување на пријавниот лист во прилог.
 
 
 

Контакт лица:

м-р Сања Николова

е-адреса: sanja@mchamber.mk

тел:02/3244-091| моб:071/230-452 

 
Тања Арабелска-Рафајловска 
е-адреса:tanja.arbelska@mchamber.mk 
tel: 02/3244-019