„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ВОДЕЊЕ ТИМОВИ: ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ И ФИДБЕК - ТЕХНИКИ ЗА ПОВИСОК УЧИНОК – 29.04.2026 година

06.04.2026 - 28.04.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

Во динамичното работно опкружување, каде што секојдневно се соочуваме со голем број задачи, кратки рокови и зголемени очекувања, способноста за правилно приоретизирање и давање ефективен фидбек станува клучна за постигнување одржливи и квалитетни резултати. Често, предизвикот не лежи во обемот на работа, туку во изборот на вистинските активности во вистинско време, како и во начинот на кој комуницираме и придонесуваме кон развојот на тимот.

Со цел да ги унапредиме овие вештини и да овозможиме подобра организација, поголема продуктивност и појасна комуникација, Стопанската комора на Северна Македонија на 29 април 2026 година организира семинар на тема: ВОДЕЊЕ ТИМОВИ: ПОСТАВУВАЊЕ ПРИОРИТЕТИ И ФИДБЕК наменета за развој на вештини кои придонесуваат за поефикасно управување со задачите и подобрување на индивидуалните и тимските резултати.

Семинарот ќе опфати:

·        Техники за ефективно приоретизирање на обврските

·        Препознавање на клучни активности со најголемо влијание

·        Давање и примање конструктивен фидбек

·        Градење култура на континуирано подобрување

Вашето присуство ќе придонесе кон унапредување на работните процеси и постигнување повисоко ниво на учинок.

За кого е наменет семинарот:

Семинарот е наменет за сопственици, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од семинарот:

·        Подобрена способност за поставување приоритети и фокусирање на задачи со најголемо влијание

·        Зголемена лична и тимска продуктивност

·        Развивање на вештини за давање и примање конструктивен и навремен фидбек

·        Подобрување на комуникацијата и соработката во тимот

·        Намалување на стресот преку поефикасно управување со времето и обврските

·        Подобра усогласеност помеѓу индивидуалните активности и организациските цели

ПРОГРАМА:

Сесија 1

•                  Концепт на планирање и приоритети

·        Усогласување корпоративни, тимски и индивидуални цели и показатели за учинок (Key Performance Indicators – KPIs)

 
Сесија 2

·        Матрица на Ајзенхауер (индивидуална работа)

·        Како до повисока продуктивност (вежба)

 
Сесија 3

•                  Фидбек (повратна информација) како алатка за водење и развој на тимот

•                  Критика и фидбек (вежба)

 
Сесија 4

•      Најчести пречки за давање фидбек и како да се надминат

•      Студија на случај

•      Акциски план за примена на новите знаења во секојдневната работа – индивидуална работа

 
Предавач:
- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.     
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:          
-      материјали за реализација на вежбите
-      работни материјали во електронска верзија

-      сертификат за учество на семинарот        


Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 27.04.2026 година.


Контакт лица:

м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        
 
 
Елизабета А. Ефтимова                                                     
Телефон: 02 32 44 074