„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
02.02.2026 - 24.02.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија сала 3, 3-ти кат
Во услови на постојани промени, раст и зголемени очекувања од вработените, организациската култура станува еден од клучните фактори за одржлив успех, ангажираност и перформанс на компаниите. За таа цел, на 24 февруари 2026 година, Ве покануваме да учествувате на еднодневен интерактивен семинар на тема: СОЗДАВАЊЕ РАЗВОЈНА ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА - Како да создадеме компанија во која вработените и лидерите се отворени за развој и континуирано подобрување?
За семинарот:
Оваа обука е практично и интерактивно насочена кон создавање работна средина што поттикнува учење, развој и одговорност. Семинарот покажува како организациската култура, лидерските однесувања и секојдневните практики директно влијаат врз перформансот, односот кон грешките, иницијативата и подготвеноста за промени. Фокусот е на препознавање и менување модели што го блокираат растот и на градење развоен начин на размислување. Преку конкретни примери и практични вежби, учесниците добиваат алатки применливи во секојдневната работа. Целта е поангажирани луѓе и одржлив организациски развој.
🎯 Цел: поангажирани вработени и одржлив организациски развој.
По завршување на обуката, учесниците ќе можат:
· да објаснат што претставува развојна организациска култура и како се разликува од фиксен начин на размислување;
· да ги препознаат однесувањата и практиките што го поттикнуваат или го блокираат развојот;
· да разберат како лидерските реакции на грешки, повратна информација и промени ја обликуваат културата;
· да применат конкретни начини за охрабрување учење, иницијатива и подобрување;
· да постават јасни очекувања што поддржуваат континуиран развој;
· да дефинираат први практични чекори за јакнење на развојната култура во својот тим.
Содржина на обуката:
· Што е (и што не е) развојна организациска култура;
· Фиксен vs. развоен начин на размислување;
· Улогата на секојдневните однесувања во градење култура;
· Психолошка безбедност како основа за развој;
· Културни шаблони што го блокираат растот;
· Лидерството како двигател на развојната култура;
· Перформанс менаџмент и евалуација;
· Однос кон грешки: казна или учење;
· Фидбекот како развојна алатка;
· Поттикнување иницијатива, одговорност и учење;
· Усогласување на цели, очекувања и критериуми за успех;
· Пренос на културата во секојдневната работа;
· Дефинирање конкретни чекори за примена во тимот.
За кого е наменета обуката?
· Сопственици, директори и топ менаџмент;
· Менаџери и тим лидери на сите нивоа;
· HR и L&D професионалци;
· Компании во фаза на раст, трансформација или организациски промени.
· Однос кон грешки (анализа на примери)
· Психолошка безбедност (кратко предавање)
· Развојна повратна информација (работа со сценарија)
· Иницијатива и одговорност (групна дискусија)
· Културни блокади (групна рефлексија)
· Пренос во секојдневна работа (индивидуална работа)
· Перформанс менаџмент евалуација(тимска работа)
· Конкретни чекори (акциски план)
· Личен и тимски commitment (кратко споделување)
· Заклучоци и сертификати (завршница)
Предавач: Проф. д-р Лазар Ѓуров е еден од најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија во областа на организациски развој, лидерство и организациска култура. Универзитетски професор на Воената академија и основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА, со долгогодишно искуство во работа со компании од различни индустрии.
Автор е на две книги од областа на лидерството и сертифициран обучувач од Универзитетот Jönköping (Шведска) за искуствено и интерактивно учење. Неговите обуки се препознатливи по високата практична вредност и директната применливост, а редовно добиваат највисоки оценки од учесниците. Во 2010 година добитник е на награда за најдобра обука од CEED.
· работен материјал доставен електронски;
· ручeк, кафе и освежување;
· сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 26.01.2026 година.