„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

АМБАСАДОРИ НА СРЕЌАТА - КАКО ДА ГРАДИМЕ ПРОДУКТИВНА РАБОТНА СРЕДИНА КОЈА ПОТТИКНУВА ЛОЈАЛНОСТ И ПРИПАДНОСТ – 29.5.2025 година

28.04.2025 - 28.05.2025 , Обука

Сала 1, 1-ви кат, Стопанска комора на Северна Македонија

Дали некогаш сте се запрашале како среќата нa вработените влијае врз успехот на компанијата? Колку емоциите само во текот на еден ден придонесуваат кон повиски резултати – поголема продажба, повисок квалитет, нови идеи за подобрување на производите. Сите знаеме дека во средините каде се чувствуваме ценето, уважено, прифатено, сакаме да дадеме и повеќе од тоа што се очекува. Таму каде што сме среќни – едноставно сакаме да се вложиме во тоа што го ртаботиме. Работната средина каде што владее позитивна енергија, доверба и чувство на припадност не само што ги мотивира вработените, туку и директно придонесува кон зголемена продуктивност, подобра комуникација и задржување на таленти.

Во голем број компании, до скоро темата “емоционална интелигенција” беше нова тема, која не беше на агендата на лидерите. Новите генерации на вработени, кои со себе ја носат потребата да се земе аспектот на добросотојба на работното место, ја отвораат и оваа тема, за среќата која поттикнува ангажираност и интерес, нешто кое лидерите сакаат да го видат во своите тимови. Токму затоа, Стопанската комора на Северна Македонија на 29 мај 2025 година организира обука на тема: „Амбасадори на среќата-Како да градиме продуктивна работна средина која поттикнува лојалност и припадност“, каде ќе се фокусираме на важноста на среќата на работното место и нејзиното влијание врз продуктивноста, културата и задржувањето на вработените.

За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за:
  • Висок и среден менаџмент,
  • Продукт менаџери,
  • Менаџери на операции и процеси,
  • Тимови за корисничка поддршка,
  • Тимови за маркетинг и продажба,
  • Правни и регулаторни експерти,
  • Човечки ресурси
 

Придобивки од обуката:

  • Подобрување на работната атмосфера и зголемување на мотивацијата
  • Јакнење на емоционалната интелигенција и меки вештини
  • Развој на лидерски способности и ефективна комуникација
  • Подобрување на задржувањето на таленти и организациската култура
  • Стекнување практични алатки за поттикнување на позитивни промени
 
Програма на обуката
 
Сесија 1
 
  • Наука за емоциите – како работи нашиот емотивен мозок
  • Видови емоции и нивни функции
  • Вовед во концептот за среќата и поврзаноста со работното место
 
Сесија 2
 
  • Кој може да биде Амбасадор на среќа, што прави и кои му се задачите
  • Придобивките за компанијата и за вработените
 
Сесија 3
 
  • Како среќата на работната средина е поврзана со работна култура, продуктивност и задржување на вработени
  • Елементи на благосостојбата – Wellbeing според Genos International
 
Сесија 4
 
  • Совети за имплементација на иницијативата „Амбасадори на среќата“ – Практични совети и активности
 
 
Тренери во програмата:
 

-        Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.

 

-        Бојана Русевска е магистер по деловно право, која моментално работи како асистент за корпоративни услуги во ВАСС Северна Македонија од февруари 2023 година. Претходното искуство и е насочено кон развој на човечки ресурси, управување со таленти и спроведување на обуки и развојни програми, започнувајќи го својот кариерен развој во ELSA Северна Македонија, каде што била претседател (2020-2022) и потпретседател за маркетинг (2018-2020).

 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:  

-        материјали за реализација на вежбите

-        работни материјали во електронска верзија

-        сертификат за учество на работилницата     


Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 26.05.2025 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk      

                                                  

 м-р Елизабета А.Ефтимова                                                    

Телефон: 02 32 44 074

 

Календар на настани

НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРО...

09.04.2025 - 30.04.2025

БИЗНИС АНАЛИТИКА СО POWER BI: ОД НЕ...

28.04.2025 - 07.05.2025

„8th International B2B Software Day...

28.04.2025 - 21.05.2025