„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.04.2025 - 28.05.2025 , Обука
Сала 1, 1-ви кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Дали некогаш сте се запрашале како среќата нa вработените влијае врз успехот на компанијата? Колку емоциите само во текот на еден ден придонесуваат кон повиски резултати – поголема продажба, повисок квалитет, нови идеи за подобрување на производите. Сите знаеме дека во средините каде се чувствуваме ценето, уважено, прифатено, сакаме да дадеме и повеќе од тоа што се очекува. Таму каде што сме среќни – едноставно сакаме да се вложиме во тоа што го ртаботиме. Работната средина каде што владее позитивна енергија, доверба и чувство на припадност не само што ги мотивира вработените, туку и директно придонесува кон зголемена продуктивност, подобра комуникација и задржување на таленти.
Во голем број компании, до скоро темата “емоционална интелигенција” беше нова тема, која не беше на агендата на лидерите. Новите генерации на вработени, кои со себе ја носат потребата да се земе аспектот на добросотојба на работното место, ја отвораат и оваа тема, за среќата која поттикнува ангажираност и интерес, нешто кое лидерите сакаат да го видат во своите тимови. Токму затоа, Стопанската комора на Северна Македонија на 29 мај 2025 година организира обука на тема: „Амбасадори на среќата-Како да градиме продуктивна работна средина која поттикнува лојалност и припадност“, каде ќе се фокусираме на важноста на среќата на работното место и нејзиното влијание врз продуктивноста, културата и задржувањето на вработените.
Придобивки од обуката:
- Биљана Велевска раководи со Самеримпекс Импулси од 2000 година. Има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки. Биљана е магистар по Европски менаџмент (Europa Institute во Германија). Поседува сертификати за тренинг и коучинг од неколку светски методологии, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Од 2020 е сертифициран консултант за Управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија, а од 2021 е и сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Нејзиниот практичен пристап поттикнува оптимизација на ресурсите и примена на врвните алатки и методологии на кои се базирани развојните програми.
- Бојана Русевска е магистер по деловно право, која моментално работи како асистент за корпоративни услуги во ВАСС Северна Македонија од февруари 2023 година. Претходното искуство и е насочено кон развој на човечки ресурси, управување со таленти и спроведување на обуки и развојни програми, започнувајќи го својот кариерен развој во ELSA Северна Македонија, каде што била претседател (2020-2022) и потпретседател за маркетинг (2018-2020).
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- материјали за реализација на вежбите
- работни материјали во електронска верзија
- сертификат за учество на работилницата
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 26.05.2025 година.