„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.04.2025 - 28.04.2025 , Обука
Сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Сѐ повеќе компании започнуваат интерно да креираат видео содржини, но често тоа се прави без јасна структура, цел или познавање на основните правила за ефикасна видео комуникација во маркетинг цели. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 29 април 2025 година организира семинар на тема: „ВИДЕО ВО ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ - ОД ИДЕЈА ДО ФИНАЛНА РЕАЛИЗАЦИЈА“. Во овој контекст, семинарот има за цел да ја пополни токму таа празнина, нудејќи конкретни насоки и примери кои ќе можат веднаш да се применат. Иако видеото е доминантен формат во дигиталната комуникација, многу брендови сѐ уште го користат на базичен начин – без да ги дефинираат јасно целите, публиката и каналите, односно без поврзување со маркетинг стратегијата.
Сѐ почесто се јавуваат видеа кои се приклучуваат на трендови или копии на слични видеа од други брендови, без разлика дали се соодветни за конкретните компании, а сето тоа води кон немање реакции од публиката и неуспешни проекти. Од друга страна, видеата кои сее стратешки осмислени и автентично изведени можат значајно да го зајакнат перформансот на маркетинг комуникацијата.
Еднодневниот семинар се фокусира на важноста на видео содржините во рамки на маркетинг комуникацијата на компаниите и нивната ефикасна изработка.
Целта на семинарот е да им понуди на учесниците практично знаење, алатки и совети за самостојно создавање на видео содржина – од развивање на идеја, до финална реализација и дистрибуција.
По завршувањето на семинарот, учесниците ќе стекнат основни познавања за креативниот и продукцискиот процес за креирање на видео содржини, ќе добијат увид во различни типови видеа и нивната улога во маркетинг комуникацијата, како и практично искуство преку практична вежба за развој на видео. На семинарот ќе се обработат ефективни пристапи за видео-планирање, снимање и монтажа, како и совети за адаптација на содржината по канали. Преку реални примери и интерактивна вежба, учесниците ќе научат како да развијат видео приказна која ќе биде релевантна, впечатлива и најсоодветна за нивниот бренд и неговата публика.
Семинарот е соодветен за претставници на PR и маркетинг тимови, задолжени за дигитален маркетинг на компаниите во кои работат.
НАПОМЕНА: Посетителите е неопходно на семинарот да понесат лап топ поради активно учество во практичниот дел.
I дел: Видео како алатка за ефикасен маркетинг во 2025
III дел: Разработка и снимање на видео
IV дел: Практична групна вежба – изработка на промотивно видео за Instagram и TikTok
Ива Дујак Ѓурѓиќ e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 15 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работни материјали во електронска верзија;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.